Бизнис
12. July 2017 - 19:55

МИОА: Ќе се укине радиодифузната такса, сертифицирањето на администрацијата ќе го плаќа државата

Обезбедени пари за укинување на радиодифузната такса со ребалансот на Буџетот. Како што информираше денеска министерот за информатичко општетство и администрација има средства за финансирање на сите главни ветувања што биле дадени пред граѓаните  меѓу кои и финансирање на јавниот сервис од страна на државата. Минатата недела пак премиерот Заев изрази надеж дека најдоцна до почетокот на октомври радиодифузната такса целосно ќе се укине. 
 
- Ова беа ставките од кои најмногу се кратеше за да се обезбедат средства за сите главни мерки и ветувања што ги дадовме пред граѓаните. Обезбедени се пари за укинување на радиодифузната такса и финансиски средства за воведување голем број други мерки од нашата Програма, нагласи министерот Манчески.
 
Во однос на назначувањето на нови членови на управни и надзорни одбори а со тоа и нови директори на јавните претпријатија,  Манчевски посочи дека екипирањето ќе оди постапно.Поради строгите критериуми и квалификации кои се бараат за третиот ешалон новата влада подготвува законски измени. Планирано е и наместо граѓаните сами да плаќаат како досега, на државен трошок да оди тестирањето односно добивање на разни сертификати потребни за вработување во администрација. 
 
- Кадрите кои и во моментот ги извршуваат раководните позиции на одредени институции и претпријатија не ги задоволуваат условите што ги бара законот бидејќи во моментот кога биле назначени тоа не било барање согласно закон, рече Манчевски.
 
Вчера Владата донесе одлука со која беа разрешени околу 2 200 членови на управните и надзорните одбори во јавните претпријатија. Од вкупно 500, новата Влада засега има поставено само 12 нови директори.