Фудбал
1. December 2015 - 10:07

Минус три бода за Пао

Грчкиот фудбалски клуб Панатинаикос драстично е казнет заради неодиграното дерби против Олимпијакос на 21 ноември, кога навивачите на атинскиот клуб предизвикаа безредија на и околу стадионот, со што спречија да се одигра натпреварот.
 
Грчкиот фудбалски сојуз одлучи натпреварот да го регистрира со резултат 3:0 за Олимпијакос, на Панатинаикос му се одземени три бода и е казнет со 190.000 евра, а уште и ќе мора четири натпревари на домашен терен да ги игра пред празни трибини.
По казната Панатинаикос падна на петтото место на табелата и заостанува дури 17 бодови зад лидерот Олимпијакос.