Бизнис
23. April 2017 - 16:31

Миновски: 72 милиони евра за малите и средни претпријатија

Свежи пари за малите и средни претпријатија. Преку ЕБОР ќе бидат обезбедени нови 72 милиони евра за евтини кредити за нив, најавува министетротза финансии по состаноците на пролетните средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон.

Овие пари се обезбедуваат преку програната на ЕБОР намената за поддршка на змејите од Западен Балкан. Вкупниот фонд изнесува 360 милиони евра, а Макеоднија има право на 20% од оваа сума.

- Македонија веќе ја испрати апликацијата - акциониот план до Бордот на ЕБОР. Со оваа програма се решава еден дел од корпусот на прашања кои се поврзани со пристапот до финансии, кои се многу значајни за приватниот сектор врз кој почива македонската и речиси сите економии во светот, изјави Миноски.

Евтините кредити за домашните фирми ќе се нудат во денари, преку комерцијалните банки, директно преку ЕБОР или со кофинансирање 50-50 од ЕБОР и банките. Каматната стапка е повластена од 4 до 5 проценти.

За средствата од оваа програма ЕБОР не бара договор за заем или државна гаранција.

За малите и средни претпријатија и претходно имаше поддршка во висина од 350 милиони евра преку кредитна линија обезбедна од ЕИБ.