Бизнис
27. April 2017 - 22:05

Миноски: Во буџетот има пари за субвенции, се чека одлуката на Уставен суд

Клучот за исплатата на субвенциите сега е во рацете на Уставниот суд. Ако судот го укине членот од кривичниот закон кој не ја дозволува исплатата, субвенциите ќе легнат на сметките на земјоделците.

Пари за оваа намена се обезбедени, уверува министерот за финансии Миноски.

На побрзо решавање на проблемот апелираат и фармерите. Се надеваат дека институциите во најкарток можен рок ќе најдат решение земјоделците да ги добијат парите кои им се неопходни.

Земјоделците немаат земено субвенции скоро половина година. Според експертите ако судот го укине членот, одлуката е правосилна и Министерството за финансии ќе може веднаш да почне со исплатата.