Македонија
27. December 2016 - 16:37

Миноски: Растот на економијата над 2,3% и покрај влијанието на политичката криза

Растот на економијата ќе ја надмине  проекцијата. И покрај  негативното влијание од политичката криза, министерот за финансии очекува крајот на годината бруто домашниот производ да изнесува над 2,3%. Во првите три квартали  економскиот раст изнесува околу 2,5%

-Доколку имаме предвид дека ревидираната проекција изнесуваше 2,3% раст на бруто општествениот производ, гледаме дека доаѓаме до еден раст којшто се наоѓа над тие проекции и покрај објективните пречки што ги имавме, рече Кирил Миноски, министер за финансии.

И бизнис заедницата очекува растот да биде нешто под 3%. Како главен виновник е токму политичката криза, која трае предолго. Затоа бараат брза разрешница и  што поскоро формирање нова Влада. Веќе се соочуваат со откажани нарачки,  намален извоз и стопирани инвестиции. На  дел од компаниите одржливоста им е доведена во прашање.

-Го губиме пазарот надвор од Македонија. Веќе имаме намалени нарачки за 20 до 30%  за 2017 та година. Минатата година беше лоша, а наредната, ако не се среди политичката состојба, ќе биде исто таква. Компаниите веќе работата со преполовени капацитети, изјави Ацо Антевски, од раде Кончар

Стаблизирање на економијата, враќање на  изгубената довеба кај странските партнери, повеќе инвестиции, кои ќе креираат нови работни места, бизнисот очекува после првиот квартал наредната година.