Бизнис
9. September 2017 - 16:59

Министерството за транспорт ќе бара пролонгирање на роковите за изградба на автопатиштата

Со нови Анекс договори ќе се  бара пролонгорање на  рокот за изградба на автопатиштата. Наместо  1 мај годинава, владата на кинеската компанија Синохидро и даде нова можност -  автопатот  Миладиновце Штип  да биде готов  до  30 септември  наредната година.  Демир Капија Смоквица ќе биде пуштен во употреба наредните месеци.  Веќе е поднесено барање за дислокација на далноводот и одобреное за градба на Контролниот центар во Неготино. Најпроблематичен е автопатот Кичево Охрид, кој се гради со забавена динамика поради бројни проблеми, вели министерот за транспорт Сугарески. До сега се завршини само 48% од работите на делницата, која требаше да биде готова крајот на јануари. И за овај автопат ќе се бара ново пролонгирање

Очигледна е тенденцијата својата неработа и неспосовност да ја покријат со лажни обвинувања и валкање на интегритетот на други личности,  вели поранешниот министер за транспорт Мисајловски . Додека бев  министер немаше  ниту еден  ден во кој не се работеше или имаше застој во градабата на автопатите. Тоа е така затоа што на дневна база решававме и менаџиравме проблеми . Тоа е факт. Се работеше на терен  не затоа што немавме проблеми, туку затоа што ги решпвавме  и работевме. Наспроти ова, новата влада и министерството  не реши ниту еден проблем и незнаат да изменаџираат со овие капитални проекти. Ако беше на власт ВМРО ДПМНЕ и ги водеше овие прокети ви гарантирам дека таму активно ќе се градеше, се вели во писмената реакција на екс министерот за транспорт

За санирањето на проблемите на трите автопатски делници, владата првично излезе со бројка од над 100 милиони евра. Сега министерот Сугарески вели дека не сака да шпекулуира. Се правеле напори дополнителните пари за довршување на автопатите да  бидат пониски. Колку точно,.ќе се знае по целосно завршување на сите анализи.