Македонија
4. February 2017 - 20:34

Министерството за култура ќе финансира 14 проекти на НУ “Историски Музеј” – Крушево

Годинашната програма на НУ “Музеј Крушево”, опфака повеке сфери од музејското работење, меѓу кои ќе се реализираат и проекти кои ги опфакаат сите седум објекти, односно музеи  кои се под надлежност на оваа институција. Министерството за култура ке финансира дури 14, а меѓу нив се и: дореновирањето и дополнувањето на музејската поставка во “Галеријата на икони”, потоа ке биде отворен и “Музејот на Илинденското востание”, а ќе се работи и на Музејот кој треба да се отвори во Кривогаштани, во кој ќе бидат сместени археолошки и етнолошки предмети, како и богата библиотека.

Како што појаснува директорот Зоран Богески, “Музеј Крушево”, годинава има проекти и од областа на едукацијата, заштитата, конзервацијата, но и презентацијата на бројни документи за историскиот развој на градот од крајот на Првата светска војна, па се до крајот на Втората. Исто така, во завршна фаза е организирањето на просторот околу споменикот “Гумење”, а ке биде завршено и двегодишното реновирање на “Македониумот”.