Министерство за здравство: Не е пријавен случај на почината пациентка од слепо црево
Министерството за здравство соопшти дека досега ниту кај нив, ниту во Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), не е пријавен ниту регистриран случај на пациентка од околу 25 години која, како што објавиле некои медиуми, наводно починала пред два дена од пукнато слепо црево и труење на крвта.
Според некои информации на кои се однесува известувањето од Министерството, девојката пред два дена била донесена во Клиничкиот центар во Скопје и по кратка евалуација била пуштена дома, а попладнето починала од пукнато слепо црево и труење на крвта.
- До овој момент, ниту во Министерството за здравство, ниту во Државниот санитарен и здравствен инспекторат не е пријавен ниту регистриран ваков случај или пациент. Ако постои ваков случај, а не е пријавен од страна на семејството, ги замолуваме и ги повикуваме на состанок во Министерството, со цел средба со претставници од Министерството за здравство и ДСЗИ, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота