Министерот за правда тврди дека се злоупотребувал АКМИС системот
Увидот на работата на АКМИС системот покажа недоследности во користење на системот во Основниот Суд Скопје 1 и во Врховниот Суд, велат од министерството за правда. Модулот за автоматска распределба на предмети не бил користен, туку таа се вршела рачно, истакна министерот Саљији. Така на пример во период од 2016 до 2017 само во кривичниот суд годишниот распоред бил менуван 10 пати, а само во септември минатата година три пати. Во Врховниот суд исто така не се почитувала процедурата за годишниот распоред на судиите.. Утврдено е дека во стотици предмети не е доделен судија, истакна министерот за правда .
Министерот констатираше дека постојат 860 предмети во кои нема доделен судија....
Според министерот сега на ред се надлежните институции кои треба да утврдат дали кконстатираните состојби подлежат на кривичен закон. Претседател на комисијата за ревизија на АКМИС-системот укажа што би значеле овие наводи за странките ко евентуално се оштетени
Увидот беше извршен како резултат на извештајот на експертската група на Прибе, во која беше наведено дека има индиции за злоупотреба на системот за автоматска распределба на предмети во судовите.
-
Сања Сеизова Мрмова
Сите содржини од овој новинар