Македонија
14. February 2016 - 17:07

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски во прифатниот центар за мигранти во Гевгелија

Армијата на Република Македонија е подготвена да одговори на сите предизвици кои ќе произлезат од бегалската криза. Министерот за одбрана Зоран Јолевски вели дека тие ги разгледуваат и разработуваат сите различни сценарија и начините како да се постапува по нив. Но, за да се реши оваа бегалска и мигрантска криза според Јолевски потребно е да се направи сеопфатна стратегија која ќе ја опфати цела Европска Унија, змјите од Балканот  плус   Турција и Сирија.

-Проблемот е прилично комплексен и заради тоа неопходна е сеопфатна стратегија. Таа стратегија перманентно се развива, се појавува. Една од осумте точки кои што во октомври Европската комисија ги донесе е дека земјите низ кои поминуваат овие мигранти треба да се координираат меѓу себе. Добро е што и другите земји од Европа сватија дека е потребно заедно да работиме  тука на оваа граница и како што знаете има најава да дојдат 350 странски полициски сили овдека во Република Македонија, рече Зоран Јолевски – министер за одбрана на Република Македонија

Додека македонските безбедносни сили  во обезбедувањето на границата  и регистрацијата на бегалците добиваат поддршка од полициските  слижбеници од неколку европски држави  навената бројка од 26 лица  од Фронтекс кои од јануари  требаше  да се распоредат на грчкиот дел од граничната линија сеуште не е постигнат.

-Лицата кои што требаше да бидат распоредени од Фронтекс на територија на Грција на нивниот северен дел кој што граничи со Република Македонија сеуште се шест лица од кои двајца се преведувачи.  Бројката од 26 лица од Фронтекс кои што требаше да бидат распоредена во јануари сеуште не е постигната, рече Анастасија Илиеска – државен секретар во МВР

Транзитниот центар Винојуг кај Гевгелија денеска го посети и министерот за надворешни  работи на Холандија Берт Кундерс кој имаше можност на лице место да се информира за состојбата со бегалците кои транзитираат низ македонска територија, начинот на нивно прифаќање, регистрацијата, условите во кои престојуваат и хуманитарната помош што им се пружа.