Македонија
10. December 2017 - 9:42

Министерот Саљији утре и задутре во посета на Летонија

Министерот за правда, Билен Саљији утре и задутре ќе престојува во работна посета на Летонија.

Во рамки на посетата, Саљији заедно со летонскиот министер за правда Џинтарс Раснач, ќе потпишат Меморандум за соработка меѓу министерствата за правда на двете држави.

По потпишувањето на Меморандумот за соработка, Саљији ќе се сретне со директорот за Управата за затвори на Република Летонија и ќе го посети Центарот за зависности при затворот Олаине.

Министерот Саљији задутре ќе се сретне со раководителот на државната служба за пробација на Република Летонија, Михаилс Папсујевич, како и со директорот на Судската управа, Едвинс Балшевич.