Македонија
9. August 2017 - 18:20

Министерот Салији на средба со италијанскиот амбасадор Ромео

Министерот за правда Билен Салији денеска одржа средба со амбасадорот на Италија во  Македонија Карло Ромео на која разговарале за активностите на  Министерството за правда  во изминатите два месеца и  краткорочните планови во овој сектор.

Министерот Салији на италијанскиот  амбасадор му ги пренел заложбите на Владата да ги спроведе  реформите за интегрирање во евроатланските  структури, потенцирајќи го  и изготвувањето на планот за реформи  3 – 6 – 9, соопшти Кабинетот на министерот Салији.

Амбасадорот Ромео, пак, истакнал дека Италија максимално ќе ја поддржува Македонија во спроведувањето на најавените реформи.