Македонија
28. April 2017 - 16:15

Министерот Нухиу најави оставка, бара одговорност и од други функционери во МВР

Одговорноста за пропустите кај дел од структурите на МВР ќе се бара во оперативниот штаб, кој бил формиран на денот кога почнаа протестите на иницијативата за заедничка Македонија, а со него раководел директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков. Министерот за Внатрешни Работи, Агим Нухиу, кој од синоќа го презел раководењето на оперативниот штаб за виновник за состојбите од синоќа го посочи токму Чавков.

За расчистување на состојбите е вклучена и внатрешната контрола на МВР. Таа ќе го испитува и однесувањето на припадниците на МВР кои вчера пред екслалацијата на состојбите биле на работни задачи пред и во Собранието.

Нухиу денеска рече дека чувствувал морална одговорност и поради тоа што не успеал да го делитизира министерството и најави дека ќе барал повлекување од функцијата, но не посочи дали поднесува оставка.

МВР синоќа, откако со специјалци успеа да ги извлече повредените пратеници и новинари од Собранието, некаде пред полноќ воспостави и целосна контропа над јавниот ред и мир. Приведени се осум лица, а истрагата треба да ги идентификува сите кои учествуваа во насислтвото.

МВР од синоќа е во постојан контакт и со Јавното Обвинителство. Во соопштението од државното јавно обвинителство велат дека ги преземаат сите активности за расветлување на настаните и утврдување на фактите.