Бизнис
21. јуни 2017 - 19:52

Министерот Николовски им вети на овоштарите дека се прават напори за решавање на проблемот со откуп на праски

11 денари за килограм индустриска праска е предлогот што овоштарите од Росоман му го доставија на Министертсвто за земјоделство. Бараат ова цена да важи до крајот на откупот, а не до 30 јуни. Министерот Николовски денеска отиде на блокадите и ги слушна барањата на земјоделците.

Освен тоа земјоделците му доставија на Николовски и други барања за полесно да го надминат овој период.

Николовски уште вчера изјави дека на овоштарите ќе им бидат исплатени дополнителни 6 денари субвенции за килограм индустриска праска.

Со свои предлози на надминување на проблемот на овоштарите излезе и опозицијата. Од ВМРО ДПМНЕ предлагаат четири мерки. Зголемување на субвенциите, помош од државата за наоѓање нови пазари,запирање на увозот на праски и обештетување на овоштарите од непогодите во минатиот период.