Министерот Кучи на состанок на министри за трговија на земји во развој без излез на море
Министерот за економија Дритон Кучи денеска и утре престојува во Женева каде учествува на Петтата седница на министрите за трговија на земјите во развој без излез на море.
Настанот се организира по повод новата Спогодба за олеснување на трговијата на Светската трговска организација (СТО) каде што меѓународните организации треба да понудат концепт на соработка со овие земји врз основа на нивниот статус на ратификација на спогодбата и идентификувани категории за исполнување на условите за нејзина примена.
Министерот Кучи на конференцијата истакна дека Македонија, како земја без излез на море, внимателно го следи напредокот во преговорите за олеснување на трговијата.
- Како континентална земја, со отворена пазарна економија, Македонија е многу ранлива на ефикасноста на движење на стоките преку граници, поради што земјата се фокусира кон развој на концепт за олеснување на трговијата, олеснување на царинските формалности и документи кои што претставуваат пречка во трговијата, едношалтерски систем, издавање лиценци и дозволи, системот за електронско плаќање и влијанието на трговијата следено од бизнис секторот, рече Кучи.
Тој се осврна и на учеството на земјите без излез на море во регионалниот и глобалниот синџир на набавки, кој што треба да биде двигател за намалување на трошоците во трговијата и влијанието на новата Спогодба за олеснување на трговијата.
Кучи посочи дека Македонија сериозно постапува кон овозможување адекватни услови за бизнисот да се одвива без бариери, квантитативни ограничувања и други форми на рестрикции што го покажуваат и извештаите на Светска банка и ОЕЦД.
Македонскиот министер потенцираше дека Македонија ќе продолжи да води транспарентен трговски режим кој е целосно компатибилен со правилата и дисциплините на СТО.
Од Министерството за економија информираат дека Македонија ја има завршено постапката на ратификација и го има депонирано инструментот во СТО за прифаќање на Спогодбата на 19 октомври 2015 година, при што е 50-та земја што ја завршила обврската. Заклучно со мај, вкупно 79 земји членки на СТО ја имаат завршено постапката на депонирање на инструментот, а минималниот број е 107 земји за да може Спогодбата да влезе во сила. Од земјите без излез на море, само осум земји ја имаат завршено постапката со депонирање.
Обемот на трговијата во изминатите години постојано се зголемува, особено на страната на извозот. Во 2015 година, вкупниот обем на трговската размена е зголемен за 7,4 проценти, со што кај извозот има зголемување за 8,8 проценти, а кај увозот за 5,3 проценти.
Ново на Сител
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж