Македонија
24. February 2017 - 16:53

Министерот Ибрахими го потпиша решението за одземање на лиценцата на старскиот дом ,,Бранкица‘‘

Министерот за труд и социјална политика го потпиша решението за одземање на лиценцата на старскиот дом Бранкица во Радишани. Пред да стават клуч на врата, сопстверникот има рок од осум дена за жалба. Во меѓувреме,ново сведоштво за негрижа и нехуман однос во истиот дом.  44 годишна скопјанка, по приказната за пензионираниот полицаец Владо Петковски, се присетила за тоа како пред 8 месеци починала нејзината мајка во истиот дом. Вели од старица со 90 килограми смртта ја дочекала тежејки едвај 40, изгладнета и со рани по телото. Со вознемиреност раскажува за лошата слика која постојано ја пречекувала кога одела на посета.

-јас и носев банани, павлака, кисело мелко..таа јадеше како никогаш да не видела храна, Ги прашувам зошто така, ми велат сега јадеше ама не е свесна...Но не верувам дека е така, човек знае кога е доста, раскажува ќерка на корисничка во домот Бранкица.

На оваа жена во 2015 година и починал сопругот, останала самохрана мајка и немала друг избор освен мајка и која боледувала од остеопороза и почетна склероза да замине во дом. Мислела дека тоа е најдобар избор и таму ќе ја чуваат и негуваат. Не ни очекувала дека ќе ја снајде таква судбина.

-сега многу ми е криво, но тоа е судбината. Таа знаеше некогаш да ми каже земи ме ме тепаат, но мислев тоа од што е исплашена вели така. , раскажува жената.

Вели дека мајка и постојано била облечена во туѓи алишта, а лично видела како извалканата гардероба во домот ја переле во корито со сапун.  Никогаш за време на посетите, кои претходно морала да ги најави, не затекнала лекар или сестра, туку само мал број на негователки. Дека мајка и починала и јавиле дури кога ја однеле во Бутел.

-Ми вика починала од слабо срце, а таа беше секогаш со нормален притисок. Никогаш нема да ја повторам оваа голема грешка. Сакам правдата да излезе на виделина и никој да не го помине овој хорор а сопственикот да си ја добие заслужената казна.

Во Сител не престануваат јавувања на семејства кои не само што раскажуваат за лошите искуства во домот бранкица, туку најавуваат и заедничка тужба против сопственикот, за како што велат правдата да излезе на виделина.