Македонија
19. July 2017 - 14:53

Министерот Дураки се сретна со финскиот амбасадор Иконен

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки денеска се сретна со амбасадорот на Финска во Република Македонија Перти Иконен.

На средбата, како што соопшти МЖСПП, се разговараше за досегашната успешна соработка меѓу двете држави и за новите развојни перспективи од областа животна средина кои ќе се отворат со понатамошно споделување на позитивните искуства меѓу двете страни.

- Посебен акцент беше ставен на успешно имплементираните твининг проекти од областа на воздухот во Македонија, каде главен партнер беше Финска, преку Финскиот метеоролошки институт, се вели во соопштението од МЖСПП.