Македонија
12. јуни 2017 - 15:58

Министерот Адеми се сретна со претседателката на Асоцијацијата на Македонците во Британија

Министерот во Владата на Република Македонија, задолжен за дијаспората Едмонд Адеми, денеска имаше работна средба со претседателката на Асоцијацијата на Македонците во Велика Британија (AMUK), Бона Петроска.

На средбата, како што соопшти неговиот кабинет, министерот Адеми ја запозна Петроска со активностите и плановите за работа во период што следува и ја нагласи важноста на соработката со дијаспората како нераскинлив дел од Република Македонија.

Претседателката на Асоцијацијата на Македонците во Велика Британија (AMUK), изрази задоволство што новата реформска Влада на Република Македонија дава важност на дијаспората со именување министер во Владата задолжен за односите со дијаспората.

На средбата беа разменети идеи и размислувања за идните чекори на соработка помеѓу  кабинетот на министерот задолжен за дијаспората и Асоцијацијата на Македонците во Велика Британија, соопшти кабинетот на Адеми.