Македонија
18. December 2017 - 16:27

Министерот Адеми на регионален форум во Сараево

Министерот во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми денеска во Сараево се обрати на регионалниот форум „Време е за Европа”, организиран од Европското движење на БиХ.

Првенствено, како што информираат од неговиот кабинет, Адеми остварил средба со Семиха Боровац, министерка за човекови права и бегалци во Владата на БиХ.

На средбата било истакнато задоволството од продлабочувањето на соработката помеѓу двата ресори и притоа се размениле искуствата околу досегашните активности, но и идни чекори кои би требало да бидат превземени.

Едмонд Адеми сараево 2

Министерката Боровац го потенцирала проектот кој е во завршна фаза во БиХ, а се однесува на мапирање на дијаспората, додека министерот Адеми го потенцираше започнувањето на процесот на изработка на Национална стратегија за соработка со дијаспората.

Продолжиле и разговорите кои стартуваа при посетата на БиХ од страна на делегација на Владата на РМ предводена од Претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев, каде се иницираше започнување на постапка за овозможување на двојно државјанство на државјани на РМ кои живеат и работат во БиХ.

На втората средба со меѓународниот претставник на БиХ, Валентин Ицко, министерот Адеми информираше за работата на Владата, досегашните превземени чекори и идни активности, додека Инцко се заблагодари за поддршката и учеството од страна на Македонија во мисијата на ЕУФОР, со желба тоа да продолжи и понатаму.