Loading Video...
Фудбал
2. February 2018 - 8:06

Минимална предност на Барса за реваншот со Валенсија во „Копа дел Реј“

Барселона минимално со 1-0 ја победи Валенсија во првата полуфинална пресметка на овие две екипи во полуфиналето од фудбалскиот Куп на Шпанија. 

Иако на средбата одиграна на „Камп Ноу“ се очекуваше далеку поофанзивен фудбал, сепак гостите во текот на целиот меч беа фокусирани како да го одбранат својот гол. 
 
Тоа им успева се до 67. минута кога Луис Суарез со прецизен удар со глава го совлада Хауме Доменек. 

Во продолжение каталонските фудбалери преку нововлезениот Кутињо и Меси имаа шанса за втор гол, но резултатот остана непроменет. 

Минималната предност која ја оствари бранителот на трофејот Барселона, ветува интересен реванп дуел, кој ќе се игра на „Местаља“ во четврток (9 февруари).