-->
-->
Минимална победа над Косово за кадетите
-->
Македонската кадетска кошаркарска репрезентација (играчи до 16 години) ја постигна првата победа откако денеска ја победи селекцијата на Косово со 64:61 (12:12; 17:19; 16:18 и 19:12) во натпревар од 2.коло од Европското првенство Б дивизија што се одржува во Софија. Во изедначен натпревар нашите кошаркари ја добија последната четвртина со 19:12 што беше решавачко за победата, иако ривалот во поголемиот дел од дуелот имаше минимална предност.
Двоцифрен број поени во македонската репрезентација постигнаа: Андреј јакимовски 22, Дамјан Бошковски и Адриан Наумоски по 10. Противникот имаше 51 скок, наспроти 34 на Македонија. За разлика од вчерашниот дуел кога против Грузија нашите кадети имаа 28 изгубени топки, денеска против Косово таа бројка беше 9, за разлика од противникот кој имаше 25.
Во рамките на групата Д денеска се играат и дуелите: Луксембург – Португалија и Грузија – Велика Британија.
Утре во дуел од 3.коло Македонија ќе игра против селекцијата на Велика Британија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците