Свет
17. August 2017 - 18:26

Минибус удри во група луѓе во центарот на Барселона

Неколку лица се повредени откако минибус удри во група луѓе во центарот на Барселона.

Инцидентот се случил во Лас Рамблас, популарно место во реонот на Плаза Каталонија.

Полицијата во Барселона соопшти дека во градот најверојатно е извршен терористички напад.

Локални медиуми јавуваат дека се слушнале и истрели на пазарот Бокерија во Барселона и оти две вооружени лица се забарикадирани во ресторан на плоштадот во Барселона по инцидентот со минибусот. 

Според шпански медиуми, возачот на минибусот побегнал оставајќи го возилото. Полицијата го блокираше реонот, а на местото на инцидентот има осум амбулантни возила.

Луѓето од тој реон бегаат во паника, јави телевизијата ТВЕ.

Каталонскиот премиер Карлес Пучдемон го прекина годишниот одмор и се враќа во градот.