Ракомет
19. January 2017 - 10:38

Милошевски: Неправдите треба да бидат мотив повеќе

По дуелот со Шпанија и поразот од 29:25 генералниот секретар на РФМ Филип Милошевски  ја даде следната изјава:

-  Вчерашниот натпревар против Шпанија беше одраз на борбеноста, решителноста и вистинскиот квалитет на нашата селекција. Видовме издание на Македонија кое е беше за почит! За жал, неколку непринципиелни одлуки на судиите досудени по специфични критериуми доведоа до пресврт во последната четвртина од натпреварот. Секоја чест на нашата репрезентација за начинот на кој се справи со сите овие испади на натпреварот со Шпанија, но мораме да се фокусираме на денешниот важен меч со Исланд! Нека оваа неправда биде мотив повеќе да се прикажеме во уште подобро светло, онака како што знаеме и можеме, се вели во изјавата на генералниот секретар на РФМ, Милошевски.