Живот
18. September 2017 - 15:31

Миломир Мариќ тврди: Во убиството на Јелена се вмешани повеќе лица, трагите ги криеле на различни начини!

Пред три недели Миломир Мариќ изјави дека Зоран Марјановиќ ќе биде уапсен ако влезе  во Задруга, а по апсењето на Марјановиќ уредникот на телевизијата Хепи кажал дека не е видовит, туку само логично размислува.

- Целата таа приказна уште од почетокот е многу мистериозна и некако логичен заклучок е дека Зоран наскоро ќе биде уапсен. Новите форензички истражувања покажуваат дека Јелена не била убиена на насипот. Приказната за тоа како таа трчала, па некој случаен минувач ја убил од почетокот е празна и потполно неуверлива. Очигледно е дека е убиена на некое друго место и донесена на насипот, а дека во се тоа учествувале повеќе лица и дека трагите се криени на различни начини - изјавил Мариќ и додал дека дојдено е до нови сознанија во истрагата.

- Инспекторот кој го водел случајот е сменет пред неколку месеци и од тој момент злосторството почнало да се отплеткува. Некој очигледно се обидувал да ги сокрие трагите. Зошто тоа го правел никој не знае, само знам дека Зоран Марјановиќ не е важна личност за некој поради него тоа да го прави. Има уште некој вмешан - убеден е Мариќ.