Македонија
28. December 2016 - 15:23

Милионска кражба во Боговиње

Вчера, во периодот од 00.30 до 06.00 часот во село Боговиње во куќа сопственост на Џ.А. (51) непознат сторител извршил тешка кражба.

Сторителот со погоден предмет го скршил цилиндерот од влезната врата, влегол внатре, извршил пребарување  и од салонот  одзел  една јакна во која имало 20.000 евра во разни апоени, еден пар панталони во кој имало 20.000 денари во разни апоени, како и лични документи и една ташна во која имало 120.000 денари во разни апоени.

Откако го извршил делото сторителот избегал во непознат правец. Увид на местото на настанот  извршила увидна екипа на СВР Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.