Балкан
24. February 2017 - 14:39

„Милиет“: Над 130 Турци побарале азил во Германија по обидот за пуч

Вкупно 136 Турци, меѓу кои и некои со дипломатски пасоши, побарале азил во Германија, по обидот за воен удар на 15 јули минатата година, објави електронското издание на турскиот весник „Милиет“.

Весникот се повикува на податоци објавени од германското Министерство за внатрешни работи,

Во јануари беше објавено дека 35 турски дипломати побарале азил во Германија.

Односите меѓу Анкара и Берлин се влошија по критиките на сметка на турските власти што ги упати германската влада за кршење на човековите права во пресметката со лицата сомничени за вмешаност обидот за преврат во Турција.

Берлин изразу вознемиреност поради, како што оцени, „масовните чистки“ што ги спроведуваат властите по неуспешниот пуч, на што Анкара возврати со обвинувања до Германија дека им „пружа заштита“ на осомничени пучисти кои побегнале од Турција, како и на припадници на Курдската работничка партија (ПКК).