Балкан
9. August 2017 - 17:55

Милан и Катарина отишле на летување во Будва, па кога им снемало пари се одлучиле на пеколен план

Будванската полиција ги уапсила српските државјани 24-годишниот Милан Борковиќ и неговата 25-годишна девојка Катарина Величковиќ, осомничени за пет кражби на Словенска плажа во Будва.

Парот е уапсен во полициска заседа додека се обидувале да украдат лични работи од торба на плажа додека туристите се капеле на море.

Туристите се жалеле веќе една недела дека почнале да им исчезнуваат скапоцени работи додека се на плажа.

Момчето и девојката дошле во Будва на одмор, но поради недостаток од пари за забава и престој, запчнале со кражби.