Loading Video...
Фудбал
23. February 2018 - 15:32
Милан - Арсенал дербито во осминафиналето во Европа Лигата
Познати се двојките за осминафиналето во Лига Европа.
Милан и Арсенал ќе го играат дербито во осминафиналето во Европа Лигата. Ова е најинтересниот пар по денешната ждрепка во Нион.
Од останатите двојки ги издвојуваме Лацио и Динамо Киев, како и дуелите меѓу Олимпик Марсеј и Атлетик Билбао,односно Лајпциг и Зенит.
Останатите двојки за осминафиналето се: Атлетико Мадрид - Локомотив Москва, ЦСКА Москва – Олимпик Лион, Спортинг - Плзен, Борусија Дортмунд – Салцбург
Првите натпревари на програмата се на 8.март, а реваншите дуелите ќе се играат една седмица подоцна (15 март).
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->