Џет-Сет
2. October 2017 - 20:27

„Мила, сега повеќе ништо не боли“ - колегите се простија од пејачката Дона Арес

Колегите и пријателите се простуваат од пејачката Дона  Арес која почина денеска по долгата и тешка болест. 
 
Пејачката која во 2005 година го испеа најголемиот хит на годината „То ми није требало“, почина денеска на 40-годишна возраст. 
 
Дона со години наназад ја водеше најтешката борба. Ракот се врати на почетокот на  оваа година и тоа по трет пат, а денеска за жал ја изгуби битката. 
 
Колегите и пријателите ја искажаа својата тага на социјалните мрежи.
 
Пејачката која своевремено ја бодреше, Јелена Карлешуа остави порака на Твитер  „да сега повеќе ништо не боли“.