Балкан
25. August 2015 - 16:35

Мигрантите од Србија се префрлаат во Унгарија

Над 1000 мигранти  од Србија пристигнаа  во Унгарија. Во земјата влегле во дел од границата  кој се уште не е заграден  со бодликава жица, но  веднаш  биле пречекани од унгарската полицјата  која ги спровела во  бегалски  центри.  Се очекува денеска и утре српско-унгарската граница да ја поминат над 6000 бегалци, главно од Сирија и Ирак сместени во прифатниот центар кај Прешево.  Нивното пристигнување доаѓа на само неколку денови пред крајниот рок што го поставија властите во Будимпешта , односно 31 август, за завршување на оградата на границата со Србија во обид да ги спречи мигрантите да влезат во земјата.  Од почетокот на годината до крајот на јули,  над 100 000 бегалци  преку Македонија и Србија   стигнале до земјите членки на ЕУ.  Во истиот  тој период мината година влегле околу 8 илјади. Ваквата  ситуација ги зголеми барањата за европска помош на земјите од Западен Балкан, но и за побрза и посоодветна реакција на Брисел.  Вчера во Берлин на оваа тема разговараа Оланд  Меркел. Францускиот претседател и германската канцеларка се сложија дека Европа  треба заеднички да  се справи со бегалската криза.  Иста порака стигна и од шефицата на европската дипломатија.

Мора да сфатиме дека меѓусебните обвинувања нема да ни го решат проблемот. Поентата не е да кажеме кој ја сработил домашната задача а кој не. Поентата е  во тоа како ние да се соочиме со предизвикот заедно и како да заеднички да успееме  да го решиме тоа прашање .( федерика Могерини)

Во меѓувреме Русија изрази подготвеност да и помогне на ЕУ  со овој проблем ,  а американската администрација   сооошти дека  во 2016 година Соединетите држави би тебало да примат околу 8000 сириски бегалци.