-->
-->
Мигранти од Пакистан, Бангладеш и Иран вратени од српската гранична полиција
-->
Група мигранти, најголем број од Пакистан, Бангладеш и Иран, како и од неколку други држави, кои ноќта ја поминале во прифатниот пункт во Табановце, велат дека српската гранична полиција ги вратила од границата, јави дописникот на МИА од Куманово.
За разлика од мигрантите од овие земји, бегалците од Сирија, Ирак и Авганистан, непречено заминуваат кон Србија. Околу пладне, најголем број од нив на прифатниот пункт во Табановце пристигнаа со такси возила од Гевгелија.
Екипите на УНХЦР, Црвен крст и други невладини организации на овие лица им поделиле храна, хигиенски производи и ќебиња.
- Ние сме на терен, остануваме да ја следиме ситуацијата, да им помагаме на бегалците со сите наши капацитети. Како ќе се одвива ситуацијата, засега не можам да кажам, изјави Љубинка Брашнарска, виш асистент за односи со јавност од УНХЦР.
Сања Росевска од Црвен Крст на Македонија изјави дека како и претходно и во оваа новонастаната ситуација, Црвениот Крст продолжува со поделба на храна, ќебиња, бебешки пакети...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор