Тенис
21. јуни 2016 - 15:27

Мицов го заврши настапот во сингл на фјучрсот во Скопје

Од македонските тенисер на фјучрсот во Скопје во рамките на 1.коло досега меч одигра само Стефан Мицов, кој загуби од носителот број 6 Александар Милер од Франција со 2-0 (6:4 и 6:3) за 90 минути. 

Мицов на турнирот настапува и во игра на двојки заедно со Нермин Фатиќ (БиХ).
Попладнево од 16 часот меч од 1.коло ќе игра и Шендрит Деари, кој за ривал го има носителот број 8 Лени Хампел (Австрија). Во рамки на попладневната програма од македонските тенсиери ќе играат уште Бесир Дургути и Данил Зеленков против Небојша Периќ и Данило Петровиќ од Србија, како и Томислав Јотовски и Александар Лазов (Бугарија) против Марко Јовановиќ и Кристофер О‘ Конел (двајцата од Австралија).