Македонија
10. February 2018 - 16:20

Мицковски на средба со дијаспората во САД

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера остварил средба со македонската дијаспора во Њу Џерси. Како што информираат од партијата, Мицкоски оддржал трибина за акутелните политички состојби Македонија.

Тој ги информирал соговорниците од Движењето за човекови права - организација која се грижи за правата на Македонците надвор од државата, за активностите на ВМРО-ДПМНЕ за стратешките надворешно-политички приротети на Македонија.

Мицкоски истакнал дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која е насочена кон Евро-атланска интеграција и стратешко сојузништво со САД, како интегрален дел од заштита на националните интереси на нашата земја.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја информирал дијаспората и за тоа дека според нив во државата владее правна несигурност и политички терор.

Мицкоски го посетил и црковниот храм Св. Кирил и Методиј кој е дел од една од најстарите и наголемите црковни заедници на Северноамериканскиот континент.