Бизнис
23. March 2017 - 19:40

Мицковски: Македонија ќе биде целосно гасифицирана до 2022 година

Првите количини гас ќе стигнат во домаќинствата  крајот на 2018 та година.  Македонија целосно ќе биде гасифицирана до 2022 та година, изјави генералниот директор на ЕЛЕМ, Мицкоски, за радио Слободна Македонија.

Интензивно се работи на примарната гасификациона мрежа, а огласот за секундарната и терцијална, односо, мрежата која треба да го донесе гасот до домовите и фирмите, е во тек

- Огласот е во тек, заинтересираните компании имаат рок од 120 дена да достават документација и заинтересираност за овој крупен проект,  потоа ќе се премине кон втората фаза, која очекуваме ралитивно брзо да се заврши, и на крај третата фаза, а тоа е доставување писмо за интерес од заинтересираните компании, од кои потоа ќе се избере инвеститор. Очекувааме првите колични гас да стиган до домовите крајот на 2018 та година, изјави Христијан  Мицкоски, генерален директор на ЕЛЕМ.

Според него, енергетскиот сектор во земјата е повеќе од стабилен, се инвестира како никогаш до сега. Еден од крупните проекти е изградбата на рудник помеѓу Делчево и Пехчево, каде е пронајдено висока количина квалитетен јаглен.

- Таму ќе се изгради термоцентрала за производство на електричнна енергија, која би била со капацитет на 200 мегавати. Станува збор за сериозна инвестиција, каде би имало најмалу 1,000 директни вработувања и уште толку индиректни. Тоа за тој регион значи многу, додаде Мицкоски.

Мицкоски вели дека не се откажува и од изградбата на хидроцентралите Чебрен и Галиште,  за кои има неколку заинтересирани инвеститори, но и за Бошков мост. Проект за кој ЕБРД  повлече кредитот, што не значи дека нема да се побара  повторно негово инвестирање , ако тоа го покажат дополнителните студии.