Македонија
9. February 2018 - 16:37

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе биде партијата која ќе ги брани националните интереси во преговорите за името

Власта не ги прави потребните чекори за реформи во општеството, постои правна несигурност а економијата бележи слаби резултати. Ваква информација лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му пренел на директорот на Националниот институт Кенет Волак со кого денеска остварил средба во рамките на својата посета на САД.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, вчера од Вашингтон во интервју за Гласот на Америка порача дека неговата партија ќе биде таа која што ќе ги брани националните интереси во преговорите.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека посетата на САД ја искористил за да лобира за Македонија и подобро да ги претстави интересите пред влијателните политичари, но и да ја долови атмосферата на како што вели, политичкиот терор кој се случува во државата.
Мицкоски во рамките на својата посета на Вашингтон, вчера присуствуваше и на молитвениот појадок под покровителство на американскиот претседател Трамп, а партиските позиции им ги пренесе на повеќе конгресмени и сенатори.