Македонија
21. March 2018 - 22:26

Мицкоски: Валандово е заборавено од владата

Тешка ситуација, безидејност и безнадежност, овој впечатокот го стекнал лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски за време на теренските посети  кои во изминатиите неколку денови ги реализираше во југоистокот на државата. Денеска тој беше во  Валандово, а и таму исто како и во другите општини сретнал разочарани луѓе кои ја напуштаат државата како резултат на политиките  кои ги воделе СДСМ и владата предводена од Зоран Заев.

,, Општа е сликата во југоистокот во Република Македонија дека станува збор за се потешки услови за живот. Луѓето се безнадежни, луѓето губат надеж, а тоа е резултат на погрешните полтики на владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз. Очекувам дека деновиве поради сите овие погрешни потези кои што ги влечат дека ќе се случат нови судски процеси, нови судски прогони, терор врз неистомислениците на оваа влада.,, рече Христијан Мицкски – претседател на ВМРО  ДПМНЕ

Мицкоски порача дека доаѓал денот кога ваквата состојба ке била минато, а ВМРО ДПМНЕ ќе ја формирала новата влада која ќе донесе нова надеж и нова креативна политика за Република Македонија.