Македонија
27. March 2018 - 13:48

Мицкоски оствари средба со европскиот директор на ИРИ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со Јан Сурочак, Директор за Европа на Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ) и Илина Мангова, директорката за Македонија.

Како што информираат од опозициската партија на средбата се разговарало за актуелната политичко општествена ситуација, за можните форми на соработка и потенцијалите кои постојат.

Мицкоски дал осврт на актуелната политичка ситуација, истакнувајќи дека државата се движи во ќорсокак и дека владата нема план за општествен и економски развој.

„Обидот на сила да се донесе неуставниот закон за јазици преставува еклатантен пример за недостигот на демократски капацитет кај парламентарното мнозинство и премиерот Зоран Заев и таквиот чин преставува удар врз демократијата“, истакнал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски исто така подвлекол дека државата се осиромашува, со раст кој се движи околу нулата и не се продуцира додадена вредност во економијата.