Македонија
8. February 2018 - 16:19

Мицкоски на молитвениот појадок организиран од Трамп

Јакнењето на стратешкото партнерство со САД, лобирање за интересите на Македонија и афирмирање на целта за членство во НАТО биле главните точки на кои се фокусирал лидерот на македонската опозиција Христијан Мицковски на денешниот молитвен појадок кој во Вашингтон се организира под покровителство на американскиот претседател Доналд Трамп, јавуваат од ВМРО-ДПМНЕ во писмено соопштение.
Од партијата велат дека Мицкоски имал серија разговори  со претставници на Белата Куќа, сенатори и конгресмени но и други влијателни политичари од целиот свет

„Истовремено можноста за разговори беше искористена за воспоставување на контакти на ВМРО-ДПМНЕ, објаснување на позициите по клучните прашања и пренесување на загриженоста за повеќе актуелни политички и економски состојби во Република Македонија пред се поврзани со недостатокот на дијалог власт опозиција за повеќе клучни прашања, политички мотивираните притисоци и економската стагнација која се одразува на стандардот на граѓаните.“ – се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ

Истите забелешка за состојбите во Македонија Мицкоски и ја пренел и на Моли Монтгомери, посебен советник на американскиот потпретседател Пенс за Европа со која исто така дискутирал за евроатланските приоритети на Македонија.

Посетата на Вашингтон Мицкоски ја искористил и за средба со Претседателот на меѓународниот републикански институт ИРИ, Даниел Твининг со кого разговарал за соработка во насока на зацврстување на капацитетите на ВМРО-ДПМНЕ.