Балкан
8. March 2016 - 10:54

„Ми беше страв да не ме ограбат“: Петар пет ноќи спиел во скршен камион од страна на патот

Петар Атанасов (64) од Бугарија, пет дена спиел во својот скршен камион на патот меѓу Винковци и Жупања чекајќи помош, некој да дојде и да го извлече од каналот.
 
Во несреќата загинал возачот на автомобилот
 
Во камионот на Петар, во средата се забил автомобил чиј возач починал за лице место.
 
- Возеше отспротива и одеднаш удри во мене. Завртев десно за да го избегнам и завршив во каналот. Мене не ми е ништо, но човекот за жал почина. Од тогаш сум овде. Полицијата дојде, направи увис, ми ги врати документите и си замина. Ми рекоа да се јавам во осигурувањето. Го повикав газдата да дојде по мене, но тој ми рече да почекам бидејќи има гужва - вели Атанасов, кој не сакал да си замине бидејќи камионот бил полн со роба.
„Ако го оставам камионот ќе ме ограбат“
 
Тој превезувал Bruschette Marette од фабриката во Бугарија до купувач од Загреб.
 
- Ако го оставам камиомнот, знам дека ќе ме ограбат. Затоа останав. Спиев во камионот сите овие денови. Дојде и патрола од контрола на патиштата. Ме однесоа до најблиската продавница за да купам вода и храна, - вели возачот. 
Камионот требало да се извлече со кран, а потоа со шлеп-служба да се однесе до Бугарија. Од полицијата изјавиле дека возилото не претставува опасност за сообраќајот бидејќи не било во рамките на автопатот.
 
- Одделението за помош на пат ќе го извлече камионот само доколку не дојде сопственикот. Тоа се случува ретко, бидејќи секој сопственик сам доаѓа по возилото најчесто поради робата која е во него, - изјавил Домагој Џигумовиќ, портпарол во Вуковар.