Фудбал
26. November 2017 - 16:30

МФЛ:Работнички поведе, Силекс победи

Во дербито за Европа во Кратово екипата на Силекс го совлада Работнички со 2-1 во меч во кој први поведоа гостите од Скопје уште во 7.минута преку Стјепановиќ. 

Во вториот дел домаќинот се разигра и со погодоците на Ѓорѓевиќ и Стојчевски обезбеди пресврт и нови три бода со кои се проби на 3. место на прволигашката табела.