Бизнис
24. March 2017 - 16:01

МФ: Транспарентно ги објавуваме сите податоци согласно методологијата на ММФ

Министерството за финансии во ракција на соопштението на СДСМ наведува дека согласно методологијата на ММФ квартално го објавува државниот и јавниот долг, како и усогласувањата со макроекономските показатели.

Во реакцијата додава дека по објавување на податокот за бруто домашен производ, Министерството на својата веб страна  го објавила ревидираниот јавен и државен долг согласно податоците на Државниот завод за статистика, како и секогаш.

- Нема да ја коментираме методологијата на Државниот завод за статистика, но ќе посочиме дека реалниот раст на БДП е блиску до проекциите на НБРМ, на меѓународните финансиски институции како ММФ и Светска банка, како и на Европската комисија. Исто така ќе посочиме дека и од страна на повеќе меѓународни финансиски институции е истакнато дека Македонија е ниско задолжена земја, истакнуваат во реакцијата.

Во насока на транспарентност во однос на јавните финансии Министерството за финансии и понатаму ќе ги објавува редовно информациите за јавен долг и за другите фискални резултати.

Во реакцијата аплеираат да не се злоупотребуваат редовните активности на Министерството за финансии во политички цели. -Тие, како што стои, се согласно светски стандарди, усогласени со меѓународните финансиски институции.