Македонија
15. July 2016 - 16:41

МФ: Процесот на издавање на еврообврзницата е стопиран, но наскоро ќе има завршница

Однесувањето на СДСМ во врска со еврообврзницата е деструктивно и очекувано. Опозицијата со цел да наштети на владеачката партија нанесува штета на државата истакнува лидерот на ВМРО ДПМНЕ Груевски.

- Со испраќање писма со многу невистини во нив до крупните мултинационални инвестициски куќи за да ги исплаши, да им внесе немир и несигурност дека ако инвестираат во Македонија средствата можат да им пропаднат и природна е реакцијата тие да се запрашаат што се случува и да проверат- Очигледно е дека СДСМ со ова сака да направи нова деструкција, ново кочење, нов проблем. Очигледно е дека сака да дојде до ситуација да неможат да се исплатат пензии, социјална помош, плати во администрацијата, за субвенции за земјоделците. Но, ВМРО-ДПМНЕ тоа нема да го дозволи. Нема да им дозволиме преку желбата да дојдат на власт да ја рушат државата и да направат штета на граѓаните. Се ќе биде онака како што треба и како што е најдобро за народот, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски

Процесот на издавање на еврообврзница не е стопиран и набргу ќе има завршница велат од Министерството за финансии. Потенцираат дека процесот е кристално чист од законски аспект, а економската турнеја на владиниот тим за презентација на еврообврзницата наишла на голем интерес кај потенцијалните инвеститори.

Телефонски Кирил Миновски Министер за финансии

Миновски додава  дека со ваквото однесување на опозицијата се нарушува финансискиот углед на земјата.

Од Министерството апелираат на смиреност кај јавноста и потенцираат целиот процес  да се следи со особено внимание за да се уверат граѓаните во штетните потези на СДСМ, и да направат разлика помеѓу тоа однесување и заложбата на Министерството за реализација на ветените проекти и обезбедување на раст и развој на македонската економија.