Бизнис
25. November 2016 - 11:50

МФ: Јавниот долг намален за 1,4 процентни поени

Македонија денеска отплати кредит од 130 милиони евра кон финансиските институции Сити банк и Дојче банк, со што јавниот и државниот долг се намалени за 1,4 процентни поени, соопшти Министерството за финансии.

Кредитот, од овие банки, како што појаснуваат од МФ, беше земен пред пет години, а беше гарантиран од Светска банка.

Средствата за оваа исплата се обезбедени од еврообврзницата што беше издадена во јули годинава. Со тоа Владата ја покажува својата посветеност за одговорно управување со јавните финансии, велат од Министерството за финансии.