Македонија
9. August 2015 - 19:47

Метеж на граничниот премин Табановце

За некој годишниот одмор и викенд завршува, за други пак допрва почнува. Утринава огромен метеж и на  наплатните станици и на граничниот  премин Табановце.  Патниците и оние од соседните земји  и оние од подалеку и по неколку часа чекале за влез и излез од земјава.

Оние кои говореа пред камера изјавија дека се среќни што  на границата пристигнале некоку часа подоцна и успеале да ја избегнат големата гужва.

Најголемата гужва била до 10 часот утрината. До попладне то границата ја поминале 20 000 патници, до крајот на денот надлежните очекуваат бројката да се искачи до 40 000.

Секое лето  колони од по неколку километри има и на табановце и на  Богородица, двата најголеми гранични прмеини. Освен на границите гужва има и на наплатните станици  кои допрва треба да се реконстуираат и модернизираат. Прва  ќе се дислоцира Романовце и тоа вотекот на ововј месец, а потоа за брзо време и  патарината кај Градско. За останатите Отовица, Сопот и Петровец се чека одобрување на проектите. А ше се градат и две нови кај демир капија и кај гевгелија. Ќе се воведе и нов системз а наплата на патната такса со безконтактни смарт картички и преку микробранови транспондери кои ќе овозможат возилата да не застануваат на наплатните станици, туку да минуваат само со намалување на брзината.