Македонија
23. October 2016 - 11:40

Метео аларм: Нови врнежи идната недела

Утре и во вторник ќе преовладува сончево и потопло време со умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има ниска облачност и појава на слаба магла. Во среда ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд.
 
Позначителна промена на времето се очекува од четврток кога ќе преовладува облачно и студено време со врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во текот на ноќта кон петок и во петок претпладне, кога на планините ќе поминат во снег.Ќе дува и умерен наместа засилен северен ветер кој ќе услови значително опаѓање на температурите.