Loading Video...
Ракомет
5. November 2017 - 19:09

Металург загуби од Чеховски Медведи

Ракометарите на Металург не успеаја да ја продолжат позитивната низа во Лигата на шампионите. Тие се поразени од руската екипа Чеховски Медведи во меч од 6.коло на Д групата. На дуелот одигран во СЦ „Борис Трајковски“, Металург загуби од Чеховски Медведи со 26-29 полувреме 12-17.
 
Избраниците на Александар Јовиќ лошо го започнаа мечот па веќе во 12 минута имаа негатива од четири гола (1-5). Ниту во продолжението Металург не успеа да направи конкретен резултатски приклучок, па на одморот гостите од Русија заминаа со предност од 17-12. Таквата предност се покажа како клучна за конечниот епилог на мечот. 
 
Најефикасен во редовите на македонскиот вице-првак беше Божо Анџелиќ со пет гола, додека еден помалку постигнаа, Жарко Пешвски, Давор Палевски и Александар Гуглета. 
 
Во следното коло Металург повторно ќе игра на домашен терен и тоа против францускиот Монпелје во недела (19 ноември).