Ракомет
7. April 2017 - 8:20

Металург славеше победа над Пелситер

Ракометарите на Металург ја постигнаа втората победа во ракометниот плеј оф откако синоќа како гости го совладаа Пелистер во Битола во дербито од второто коло. Металург победи со 31:27, а Пелистер имаше водство од 16:15 на полувремето. Најефикасен на дуелот беше Немања Обрадовиќ од Металург, кој постигна 10 голови, додека кај Пелистер најпрецизен беше Васко Димитровски со 8 голови.
 
Домаќинот Пелистер имаше водство во текот на првото полувреме, а Металург само во неколку наврати успеа да изедначи. Гостите првото водство го имаа во 45.минута кога поведоа со 22:21. Во последните десет минути Металург поведе и со четири разлика (29:25).
 
Во првиот дуел од 2.коло Охрид го победи Борец со 34:31. Дуелот Работник Еурофарм – Вардар е одложен поради настапот на македонскиот првак Вардар на завршниот турнир од СЕХА лигата. Овој натпревар ќе се игра на 11.април (вторник).
 
Металург заедно со Охрид е на делба на првото место на табелата со 6 бодови.