Ракомет
25. May 2017 - 9:41

Металург сигурен на гостувањето во Охрид

Ракометарите на Металург остварија победа на последниот натпревар од 8.коло од плеј офот откако како гости го совладаа Охрид со 30:24 (16:11). Најефикасни на дуелот беа крилата на Металург Никола Костески и Вања Илиќ со по 7 голови.
На вториот натпревар од ова коло одигран вчера Работник Еурофарм го победи Борец со 29:23.
Во понеделникот Вардар го победи Пелистер во Битола со 34:26.
Табела: Вардар 21 бод, Металург 21, Охрид 12, Еурофарм Работник 12, Пелистер 6, Борец 0.