Балкан
23. November 2017 - 9:53

Мета викендов во приватна посета во јужна Србија

Албанскиот претседател Илир Мета в недела и понеделник ќе престојува во „приватна посета“ на српската општина Медвеѓа, објави белградски „Блиц“.

Весникот пишува дека в понеделник тој ќе има средба со осумте одборници од албанската националност во Собранието на општина Медвеѓа, како и дека ќе разговара со заменик-градоначалниот и двајца советници во Општината. 

Мета, исто така, ќе се сретне и со градоначалникот Небојша Арсиќ и со претседателот на Координациското тело за општините Прешево, Бујановац и Медвеѓа, Зоран Станковиќ.

Од околу 7.000 жители на општината Медвеѓа, над 520 се припадници на албанското мацинство.

Во општините Прешево, Бујановац и Медвеѓа живеат етнички Албанци и албанските националисти тоа подрачје го именуваат како „источна Косово“.