Фудбал
10. November 2015 - 13:45

АС: Меси се подготвува за „Ел класико“

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси забрзано се опоравува од повредата и како што стојат работите би можел да заигра на големото дерби со Реал на 21.ноември пишува шпанскиот спортски весник „Ас“. 

Иако Каталонците не би сакале да ризикуваат но неговото присуство на натпреварот би било голем морален потстрек за екипа. 
Меси од 26. септември нема одиграно меч а според медиумите во понеделникот е забележан како трча и шутира.